Медицински претставник

Аплицирај сега

ЕУРОФАРМ е водечка фармацевтска компанија со присуство на пазарот од 25 години. Нашата мисија е да обезбедиме квалитетни и ефикасни здравствени решенија кои го унапредуваат животот на пациентите под мотото „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје“. Благодарение на иновативниот пристап, силниот професионален тим и партнерствата со интернационални брендови, сме препознаени како сигурен партнер во медицинската заедница.  


Работно место: Медицински претставник


  • Место на извршување на работните задачи: Скопје и западен регион;
    • Тип на работен однос: Полно работно време, со пробен период;
      • Сектор: Продажба и медицински маркетинг;

        ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА


        • Како Медицински претставник, ќе бидете првиот контакт помеѓу нашата компанија и здравствените професионалци. Вашата задача е активно да ја промовирате палетата на производи, да градите и одржувате професионални односи со лекари и фармацевти и да придонесувате кон пазарниот раст и имиџот на компанијата.

          КЛУЧНИ ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ


          • Презентација на фармацевтските производи на целната група (општи лекари, специјалисти, фармацевти);
            • Спроведување на дневни теренски посети согласно однапред дефиниран план;
              • Одржување редовна комуникација со здравствени работници;
                • Следење на пазарни трендови, анализи на конкуренција и предлози за стратешки активности;
                  • Учество на едукативни семинари, медицински конгреси и организирање на презентации;
                    • Подготвување на извештаи за активности, резултати и постигнувања до надредениот менаџер;
                      • Активна соработка со тимот за маркетинг и продажба за развивање и спроведување на кампањи.

                        ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ


                        • Високо образование од областа на фармација, медицина и стоматологија;
                          • Претходно работно искуство како медицински претставник од најмалку 2 години;
                            • Одлични презентациски и комуникациски вештини;
                              • Развиени организациски способности и способност за работа под притисок;
                                • Иницијативност, проактивност и ориентација кон постигнување цели;
                                  • Возачка дозвола Б категорија – задолжителна, со спремност за чести патувања;
                                    • Добро познавање на MS Office (Excel, PowerPoint, Word);
                                      • Познавање на англиски јазик – средно/напредно ниво.

                                        ШТО НУДИМЕ


                                        • Можност за професионално унапредување;
                                          • Континуирана едукација и учество на обуки/семинари;
                                            • Пријатна, професионална и поддржувачка работна средина;
                                              • Вклученост во промоција на високо-квалитетни и меѓународно признати производи;
                                                • Долгорочна соработка со можност за унапредување во рамки на компанијата.

                                                  ПРИЈАВУВАЊЕ


                                                  Доколку сте мотивирана, комуникативна и амбициозна личност која сака да биде дел од динамична и успешна компанија, испратете:


                                                  • Биографија (CV);
                                                    • Мотивациско писмо;

                                                      На eurofarm@eurofarm.com.mk со назнака: „Апликација за Медицински претставник“.


                                                      Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

                                                      Eurofarm
                                                      Информации за вработување
                                                      JobLink by Dekra

                                                      Subscribe and Get our
                                                      New updates regularly

                                                      JobLink by Dekra