Политика на приватност и заштита на личните податоци

Оваа Политика на приватност дава информации за обработката на лични податоци при посета на веб порталот: www.dekrajoblink.mk.

Информација за контролорот на лични податоци

Обработувач на лични податоци е ДЕКРА ВРАБОТУВАЊЕ ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. Црвена вода бр.7/1 Скопје со ЕМБС 6091490. (во понатамошниот текст “Друштвото” или “ДЕКРА ВРАБОТУВАЊЕ”)

Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од важечкиот Закон за заштита на лични податоци и подзаконските акти.

Кои лични податоци ги собираме и обработуваме?

Посетители на веб порталот www.dekrajoblink.mk и клиентите кои успешно отвориле кориснички сметки на порталот.

Обработуваме и лични податоци преку колачиња за кои Друштвото има објавено посебна Политика за колачиња.

Како ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме преку различни начини вклучувајќи:

  • Податоци кои Корисникот ги внесува при регистрација на Порталот
  • Податоци кои Корисникот ги внесува при пополнување на својот кориснички профил
  • Податоци кои Корисникот ги открива при комуникација со нашата служба за корисници преку е-mail адреси и телефонски броеви или преку пошта
  • Податоци за Корисникот при користење на Порталот, вклучувајќи оние кои доброволно ги остава при аплицирање на огласи и пополнување анкети

Категории на податоци кои се обработуваат

Лични податоци за Корисници/Работобаратели на Порталот кои се внесуваат при регистрација:

  • Е-маил адреса
  • Име и презиме
  • Пол
  • Датум на раѓање
  • Адреса
  • Поштенски број
  • Град и држава
  • Стручна спрема и категорија
  • Контакт телефон

Линкови со други веб страници и сервиси

Содржините на Порталот може да содржат врски до веб страници и сервиси на трети лица на кои не се однесува оваа Политика за приватност.

Основ за обработка на личните податоци

Во согласност со важечкото законодавство, Вашите лични податоци ги обработуваме со цел извршување на договор, односно на Ваше барање како Работобарател кој се регистрира за добивање услуги.

Цели на обработка на личните податоци

Личните податоци се обработуваат за давање услуги и исполнување на договорни обврски, регистрација и користење на Порталот, објавување огласи и складирање биографии.

Пренесување на лични податоци

Со цел исполнување на обврските, Вашите податоци ги доставуваме до Работодавачите на чии огласи аплицирате. Не споделуваме податоци освен во следните случаи:

  • Во случај на ангажирање на даватели на услуги, обврзани да обезбедат заштита на личните податоци.
  • По барање на суд, полиција или други органи, ако постои законски основ.

Време на чување на собраните податоци

Личните податоци се чуваат додека имате активен кориснички профил на Платформата.

Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?

  • Право на информирање за обработуваните податоци
  • Право на исправка на Вашите податоци
  • Право на бришење на Вашите лични податоци
  • Право на ограничување на обработката
  • Право на повлекување на согласноста за обработка
  • Право на преносливост на податоците
  • Право на приговор

Барањето за остварување на Вашите права може да го поднесете на:

  • Седиштето на Декра вработување ДООЕЛ Скопје
  • По пошта со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“
  • На електронската пошта kuzmanovska@tjlaw.com.mk

Промена на политиката за приватност

Со пристапување и користење на www.dekrajoblink.mk, се согласувате со оваа Политика за приватност. Политиката е предмет на редовно преиспитување и измени.

Безбедност на податоците

Друштвото ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, во согласност со важечкиот Закон за заштита на лични податоци.

Измена на политиката

Декра вработување ДООЕЛ Скопје редовно ја изменува оваа Политика за приватност, соодветно на промените во прописите.

Редовно добивајте ги најновите информации