Директор на Финансии и Сметководство

Apply now

Во име на својот клиент, ПРИМА МК Д.О.О Скопје, дел од интернационална корпорација ПРИМА ГРУП, специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:


ДИРЕКТОР НА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО


ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО


  • Организирање и контрола на работењето на вработените во финансискиот сектор и секторот материјална оператива;
    • Изработка на дневни, месечни, квартални и годишни извештаи за потребите на менаџерскиот тим;
      • Изработка на Cashflow;
        • Контрола на аналитичките конта на месечно ниво и изработка на ДДВ пријави;
          • Подготовка на плати;
            • Изработка на завршни сметки и Даночни биланси и нивно доставување до Централен Регистер на Република Македонија и Управа за Јавни Приходи;
              • Секојдневна комуникација со банките преку кои се одвива работењето на компанијата и изготвување на извештаи и потребна документација во согласност со барањата на банките;
                • Подготовка на извештаи и нивно доставување до Народна Банка на Република Македонија;
                  • Подготовка на извештаи и нивно доставување до Државен завод за статистика;
                    • Подготовка на извештај за потребите на Министерство за економија ( два пати во текот на годината);
                      • Ангажирање на фирма за годишна ревизија на работењето и подготовка на потребната документација за непречено одвивање на ревизија;
                        • Комуникација со консалтинг фирми, УЈП, НБРМ и други институции.

                           ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ


                          • Високо образование во областа на економските науки;
                            • Десет години работно искуство на иста или слична позиција;
                              • Лиценца за овластен сметководител;
                                • Одлични комуникациски и организациски вештини;
                                  • Одлично познавање на англиски јазик;
                                    • Познавање на македонското законодавство.

                                       ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ


                                      Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com


                                      Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


                                      *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

                                      Dekra Vrabotuvanje
                                      Employment Information
                                      JobLink by Dekra

                                      Subscribe and Get our
                                      New updates regularly

                                      JobLink by Dekra