Маркетинг Специјалист

Apply now

Наш клиент е АУТОМОБИЛЕ-СК ДОО Скопје, ексклузивен увозник за марките FIAT, ALFA ROMEO, ABARTH и JEEP за Македонија и Косово. За потребите на својот клиент, Декра ја огласува следнава позиција: 


Маркетинг Специјалист


ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО


  • Ја следи и применува маркетинг и комуникациската политиката на производителот и увозникот;
    • Помага во подготовката, спроведувањето и следењето на рекламните и комуникациските кампањи за производи и услуги, на сите медиуми;
      • Ја развива и управува содржината на сите интернет сајтови на увозникот во согласност со вредностите и карактеристиките на марките, политиката и приоритетите на производителот и увозникот;
        • Ги надгледува каналите за online маркетинг ( социјални и дигитални медиуми) и спроведувањето на содржините и кампањите;
          • Ги поддржува и следи маркетинг и рекламните активности на дилерите;
            • Врши константна анализа и изработува извештаи поврзани со сите активности од пазарот на нови возила;
              • Предлага и организира комуникациски настани; по потреба подготвува/ преведува пр соопштенија, комуницира со новинари;
                • Го поддржува CRM системот на компанијата;
                  • Остварува блиска соработка со тимот за продажба и после продажба;
                    • Извршува други деловни задачи од делокругот на работењето по барање на претпоставениот.

                      ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ


                      •        Високо образование, економски факултет, насоки од областа на маркетинг, комуникации или бизнис;
                        •        Најмалку 3 години претходно работно искуство во следниве области: адвертајзинг, социјални/дигитални медиуми, комуникации и настани;
                          •        Искуство во делот на интернет маркетинг (социјални, дигитални медиуми) ќе се смета за предност;
                            •        Искуство во автомобилскиот сектор ќе се смета за предност;
                              •        Одлично познавање на англиски јазик; владеење на втор странски јазик ќе се смета за предност;
                                •        Возачка дозвола Б категорија;
                                  •       Одлични интерперсонални вештини и вештини за работа во тим;
                                    •        Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
                                      •        Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати
                                        •       Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.

                                          ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ


                                          Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални  биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com


                                          Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


                                          Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.


                                          *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.


                                          Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com


                                           


                                           


                                           


                                           

                                          Automobile SK
                                          Employment Information
                                          JobLink by Dekra

                                          Subscribe and Get our
                                          New updates regularly

                                          JobLink by Dekra