Dekra Job
Zikol

ЖИКОЛ Е ЛИДЕР ВО ГРАДЕЊЕТО НА ВАШАТА ВИЗИЈА.


НИЕ СМЕ ГРАДЕЖНИЦИ ПРЕД СÈ И ТОА НÈ РАЗЛИКУВА ОД ДРУГИТЕ!


Вистинските животни вредности секогаш се во хармонија со квалитетниот животен стил. Следејќи го овој принцип ЖИКОЛ уште од 1987 година е дел од спомените на многу успешни семејни приказни и е лидер во градењето на иднината. Нашето искуство и професионалност ги поврзува квалитетот, сигурноста, иновацијата и функционалноста. Континуираниот прогрес на ЖИКОЛ, предводен од претприемачкиот дух и иновативните идеи на основачот Живко Пандев, и континуитетот во лидерството на управителот Никола Пандев, ја дефинираше оваа компанија како македонски бренд – ЛИДЕР во градежната индустрија и повеќе од 35 години успешно ја гради својата мисија.


ЖИКОЛ сигурноста и квалитетот ги гради врз темелите на традицијата, искуството и знаењето. Ние ги почитуваме правилата на пазарот, уметноста на создавањето и предноста на самоувереноста базирана на знаењето. Технолошкиот напредок и потребите на клиентите со текот на годините ги менуваат стандардите во градежната индустрија, но принципите на сигурност, квалитет и професионалност во работата остануваат непроменливи фактори за нашиот заеднички успех! Со сигурни чекори продолжуваме во остварувањето на нашата визија


Општествената одговорност е нашиот основен принцип на работа… Нашата општествена одговорност е долгорочна и резултатите остануваат како наследство за идните генерации. Високи перформанси. Еколошки стандарди. Долготрајност. Секој од овие концепти е во интерес на нашата идеологија: Ја градиме Вашата сигурна иднина денес.


Ние се грижиме за општеството на кое му служиме, и сите функционираме во име на остварување на заеднички позитивни цели кои пред се ќе го потврдат нашиот квалитет, а истовремено ќе ги задоволат највисоките барања на пазарот. Една од нашите приоритетни цели е подобрување на патната инфраструктура во Република С.Македонија со континуирано стручно усовршување на инженерскиот и останатиот квалификуван кадар, посветеност кон имплементација на тимската работа и нивна целосна синхронизација при работењето.

JobLink by Dekra

Subscribe and Get our
New updates regularly

JobLink by Dekra