Во име на нашиот клиент Уни Банка АД, присутна повеќе од 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент, ДЕКРА ја објавува позицијата:
Менаџер на експозитура (Скопје)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Активно учество во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти, гради продажна и претприемачка култура во експозитурата;
- Одговорен за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна диструбиција на останатите банкарски производи и услуги;
- Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
- Се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата;
- Одговара за исполнувањето на таргетите и финансиските резултати на работењето на експозитурата;
- Ги следи промените на законската и подзаконската регулатива како и актите на Банката и се грижи за нивната примена во работењето на експозитурата;
- Oрганизира, координира и раководи со тимот во експозитурата и дава иницијативи за унапредување на тековното работење.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Високо стручно образование – предност Економски факултет;
- Работно искуство од најмалку 3 години, предност раководна позиција во финансиски сектор;
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office;
- Менаџерски и лидерски способности;
- Силни преговарачки способности, страст за продажба и работа со клиенти;
- Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
- Возачка дозвола Б категорија.
Бенефиции кои што ги нуди клиентот:
- Политика за наградување преку системот на бонуси;
- Обуки за личен и професионален развој;
- Колективно осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување;
- Спортски активности и настани за дружење.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
* Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com