Профил на компанијата
Издавачки Центар ТРИ
Издавачки центар ТРИ е основан на 23 ноември 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметна како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè, благодарение на својата ориентираност кон најактуелните книги во светот. Денес ТРИ ја продолжува својата мисија – секогаш да биде во чекор со важните случувања на светската книжевна и културна сцена. За свој приоритет си ја поставивме целта да ја направиме книжевноста достапна до сите – за да ги прошириме хоризонтите, да се доближиме до светот, духовно да се збогатиме.
Отворени работни позиции
Погледнете ги позициите што моментално ги има објавено оваа компанија.
