Стани книжар и менувај животи! Книжарниците на ТРИ бараат нов херој за читателите – одличен познавач на книгите што ќе ги води низ приказните.
Ако ги сакаш книгите, твоето место е во ТРИ. Ако си подготвен да дадеш сè од себе за да им помогнеш на луѓето да стигнат до книгата што ќе им го смени животот, тогаш на овој оглас го пишува твоето име.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (книжевност се смета за предност)
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Знаење англиски јазик.
Потребни способности и вештини:
- Одлично познавање на книжевноста
- Одлични организациски способности
- Вештини на продавање
- Комуникативност, отвореност, љубезност
- Висока професионалност
- Подготвеност за работа во смени
- Заинтересираност за новитети.
Време за пријавување на огласот – до 30.06.2026
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски јазик и мотивациско писмо на: kariera@kniga.mk.