Оваа Политика на приватност дава информации за обработката на лични податоци при посета на веб порталот: www.dekrajoblink.mk.
Информација за контролорот на лични податоци
Обработувач на лични податоци е ДЕКРА ВРАБОТУВАЊЕ ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. Црвена вода бр.7/1 Скопје со ЕМБС 6091490. (во понатамошниот текст "Друштвото" или "ДЕКРА ВРАБОТУВАЊЕ").
Нашиот офицер за заштита на личните податоци е Тамара Стојчевска.
Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од важечкиот Закон за заштита на лични податоци и подзаконските акти.
Субјекти на лични податоци чии податоци ги обработуваме
Обработуваме податоци на следните субјекти:
- Посетители на веб порталот www.dekrajoblink.mk,
- Барателите на работа кои имаат извршено регистрација на профил на веб страницата и
- Вработените кај работодавачите кои имаат извршено регистрација на веб страницата.
Обработката на лични податоци на посетителите на веб страницата е опишана во Политиката за приватност.
Како ги собираме личните податоци?
Личните податоци ги собираме преку различни начини вклучувајќи:
- Преку регистрација на порталот од страна на барателите на работа,
- Преку регистрација на порталот од страна на вработените кај работодавачите,
- Податоци кои субјектите ги откриваат при комуникација со нашата служба за корисници преку е-mail адреси и телефонски броеви или преку пошта.
Категории на податоци кои се обработуваат
Лични податоци за баратели на работа кои се внесуваат при регистрација или при користење на порталот:
- Е-маил адреса;
- Име и презиме;
- Пол;
- Година на раѓање;
- Поштенски број;
- Град и држава;
- Стручна спрема и категорија;
- Контакт телефон;
- Податоци содржани во кратка биографија, доколку барателот одлучи да ја прикачи.
Лични податоци на вработените кај работодавачи кои се регистрираат на порталот:
- Име и презиме;
- Контакт телефон;
- Е-маил адреса;
- Компанија во која работи.
Линкови со други веб страници и сервиси
Содржините на Порталот може да содржат врски до веб страници и сервиси на трети лица на кои не се однесува оваа Политика за приватност.
Цели на обработка на личните податоци
Личните податоци ги обработуваме за следните цели:
- Пружање на услуги за одржување на порталот и исполнување на договорни обврски, односно регистрација и користење на Порталот, објавување огласи и складирање биографии и одржување на кориснички профили;
- Достава на рекламни пораки;
- Достава на билтен со новости.
Обработката се одвива на следниот начин:
- Работодавачите се регистрираат на порталот со оставање на податоци за име и презиме на претставникот на компанијата, е-маил адреса, телефонски број, број на вработени и одбираат соодветен пакет за плаќање од важечиот ценовник на Декра. По регистрацијата, работодавачите можат да објавуваат огласи за вработување.
- Барателите на работа се регистрираат во порталот со оставање податоци: на пол; датум на раѓање; адреса; поштенски број; град и држава; стручна спрема и категорија и контакт телефон. Воедно, истите може да прикачат и своја кратка биографија. По извршената регистрација, барателите на работа можат на едноставен начин да аплицираат на било кој од објавените огласи со кликање на копче "аплицирај".
- Доколку барателите на работа аплицирале на одреден оглас, податоците на барателите на работа се споделуваат со работодавачот кој го објавил предметниот оглас, заедно со кратката биографија на барателот на работа, доколку таква прикачил на својот профил или при аплицирање на огласот.
- Податоците на барателите на работа се споделуваат со работодавачи само ако барател на работа самостојно аплицира на некој од објавените огласи. Декра не ги споделува податоците на барателите на работа самостојно, без директна апликација на оглас од барателот.
- Доколку барателите на работа доброволно се пријават за добивање на рекламни пораки и билтен на новости, истите ќе им бидат доставувани, се додека не ја повлечат согласноста.
Основи за обработка на личните податоци
Во согласност со важечкото законодавство, личните податоци ги обработуваме на следните основи:
- Основ за обработка на личните податоци со цел обезбедување можност за објава на огласи за работодавачите и обезбедување можност за аплицирање на огласите за барателите на работа ги обработуваме со цел извршување на договор, така што на работодавачите им обезбедуваме простор за објава на огласи, а на барателите на работа им овозможуваме пристап до огласите и можност за олеснето аплицирање.
- Податоците за цели на маркетинг ги обработуваме врз основа на согласност на субјектите, која може да се повлече во било кое време.
- Податоците за цели на достава на билтен со новости ги обработуваме врз основа на согласност на субјектите, која може да се повлече во било кое време.
Пренесување на лични податоци
Со цел исполнување на обврските, податоците на барателите на работа ги доставуваме до работодавачите на чии огласи аплицираат барателите на работа.
Податоците не ги споделуваме со трети лица, освен во следните случаи:
- Во случај на ангажирање на даватели на услуги, обврзани да обезбедат заштита на личните податоци, како што е правно лице Bravo group ангажирано за достава на билтен на новости.
- По барање на суд, полиција или други органи, ако постои законски основ.
Време на чување на собраните податоци
Договорниот однос воспоставен со барателите на работа важи се додека барателот на работа има активен профил и 24 месеци по последна активност на профилот. По истек на 22 месеци, го информираме барателот на работа преку неговата е-маил адреса дека поради неактивност на профилот истиот ќе биде затворен, а барателот на работа може да одлучи да ја продолжи активноста на профилот. Без оглед на вака утврдениот период, барателот на работа може во секој момент да го прекине воспоставениот договорен однос, односно да бара деактивирање на профилот. По деактивирање на профилот, податоците за барателот на работа ќе бидат избришани.
Договорниот однос воспоставен со работодавачите зависи од видот на претплатата, и податоците на вработените кај работодавачите се чуваат се додека претплатата е активна. По истек на договорниот однос, профилот ќе биде избришан.
Податоците за цели на директен маркетинг се обработуваат до повлекување на дадената согласност за ваквата обработка.
Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?
- Право на информирање за обработуваните податоци
- Право на исправка на Вашите податоци
- Право на бришење на Вашите лични податоци
- Право на ограничување на обработката
- Право на повлекување на согласноста за обработка
- Право на преносливост на податоците
- Право на приговор
Барањето за остварување на Вашите права може да го поднесете на:
- Седиштето на Декра вработување ДООЕЛ Скопје;
- По пошта со назнака "за Офицер за заштита на лични податоци";
- Со кликање на копче unsubscribe со цел откажување од можноста за добивање на билтен на новости.
Промена на политиката за приватност
Со пристапување и користење на www.dekrajoblink.mk, се согласувате со оваа Политика за приватност. Политиката е предмет на редовно преиспитување и измени.
Безбедност на податоците
Друштвото ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, во согласност со важечкиот Закон за заштита на лични податоци.
Измена на политиката
Декра вработување ДООЕЛ Скопје редовно ја изменува оваа Политика за приватност, соодветно на промените во прописите.