Трејд маркетинг специјалист

Apply now

ТРЕЈД МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ


м/ж


КОИ СМЕ НИЕ


Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.


Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.


Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!


ШТО НУДИМЕ?


  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Флексибилност во организирање на работното време
  • Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
  • Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:


  • Гарантира развој и имплементација на стратегијата за продажба и активирање во сите канали
  • Креира и реализира иновативни и ефективни програми за каналите,
  • Креира упатства за продажната сила, упатства и стандарди за промотивни активности
  • Има основни познавања за сите брендови, пакети и цени (марки, пакувања, пропорција, единечно пакување или мултипак, ценовник и сл.);
  • Поседува информации за портфолиото на производи на конкурентите (безалкохолни пијалаци, вода, пиво, леден чај, енергетски, жестоки пијалаци и сите идни категории) и може да ги искористи во својата работа.

ШТО БАРАМЕ:


  • 2+ год работно искуство во продажба или маркетинг, предност Хорека;
  • Проактивен пристап и организациски вештини;
  • Напредни способности за продажба, преговори и убедување, влијателна комуникација;
  • Одлично познавање на MS Office - Word, Excel, Power Point;
  • Напредно познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Возачка дозвола B категорија

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 22.10.2024г.


Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.


Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.


Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Pivara Skopje
Employment Information
JobLink by Dekra

Subscribe and Get our
New updates regularly

JobLink by Dekra