Бренд менаџер

Apply now

Бренд менаџер


м/ж


КОИ СМЕ НИЕ


Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.


Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.


Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!


ШТО НУДИМЕ?


  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Флексибилност во организирање на работното време
  • Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
  • Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:


  • Анализа на позиционирањето на брендот и увидите од потрошувачите
  • Надгледување на новите маркетинг и рекламни активности, креирање и спроведување медиумска стратегија преку различни канали;
  • Водење на креативниот развој и редовните рутини со медиуми, истражувачки агенции
  • Спроведување на промотивни активности за брендот
  • Мерење и известување за перформансите на сите маркетинг кампањи и проценка на ROI и KPI
  • Следење на дистрибуцијата на производите и односите со потрошувачите, но и креирање иновативни стратегии за раст (иновација на производи, реновирање, оптимизација на SKU)
  • Тесна соработка и комуникација со клучни партнери од Coca Cola и Heineken, како и нашиот бренд Скопско

ШТО БАРАМЕ:


  • Високо образование во областа на Маркетинг или поврзана област (Односи со јавноста, трговски маркетинг, развој на производи)
  • 3+ год. работно искуство, идеално во FMCG индустрија
  • Работно искуство како бренд/продукт/портфолио менаџер ќе се смета за предност
  • Разбирање на целосниот маркетинг микс и способност за развој на бренд и маркетинг стратегии
  • Силни аналитички вештини и креативен ум, способност за управување со буџет
  • Добро познавање на англиски јазик и MS Office

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 22.10.2024г.


Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.


Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.


Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година

Pivara Skopje
Employment Information
JobLink by Dekra

Subscribe and Get our
New updates regularly

JobLink by Dekra