Фармацевтската компанија ЕУРОФАРМ е основана во средината на 2000-та година, кога во Скопје е отворена првата аптека од ланецот аптеки ЕУРОФАРМ. Од тогаш до денес евидентен е постојан подем во развојот и унапредувањето на компанијата. Денес Еурофарм е компанија во чии склоп влегуваат 121 аптекa ширум Македонија и веледрогерија која е високорангирана според прометот со лекови на територијата на Р.Македонија. Бројот на вработени исто така е во постојан пораст. Во нашата компанија моментално се вработени 550 лица од најразличен профил (215 од нив се дипломирани фармацевти а останатите се фармацевтски техничари и друг технички персонал). Активно сме вклучени и во подршка на научните и културните настани во Р.Македонија преку подршка на социо-хуманитарни акции и институции.
We use cookies to ensure you get the best experience on our website. By clicking "Accept", you agree to the use of cookies.