Во име на нашиот клиент, Уни Банка АД, присутна повеќе од 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент, ДЕКРА ја објавува позицијата:
Aдминистратор на бази на податоци во Дирекција информатички технологии
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Планирање, инсталација, конфигурација, администрација и одржување на Oracle бази на податоци во Single Instance и RAC околина;
- Одржување на физичкиот и логичкиот интегритет на базите;
- Управување со просторот за складирање на базите на податоци;
- Управување со сигурноста на базите на податоци;
- Backup и Restore на базите на податоци;
- Периодично архивирање на off-site backup локација, репликација на базата на податоци со Data Guard, тестирање на Data Guard и повторно воспоставување на Data Guard;
- Инсталација и конфигурација на Oracle клиентски софтвер;
- Изготвување на технички упатства за работа со базите на податоци и придржување кон овие упатства;
- Извршување на активности на одржување на бази на податоци вон работно време, сабота и недела;
- Приправност за интервенција на повик во случај на проблем со базите на податоци.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование во областа на информатика и информатички технологии (Природно математички факултет, ФЕИТ,ФИНКИ);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Најмалку 2-годишно искуство со Oracle Database 11g/12c/ бази на податоци;
- Најмалку 2-годишно работно искуство со MS SQL Server бази на податоци;
- Најмалку 2-годишно искуство во работа со Linux OS;
- Најмалку 2-годишно искуство во работа со MS Windows Server OS;
- Најмалку 2-годишно искуство со SQL и PL/SQL;
- Предност е поседување на ORACLE сертификати;
- Да не е осудуван (потврда од суд не постара од 1 ден на денот на поднесување на апликација за работен однос- документација во архива на УНИ Банка А.Д.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
* Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com