Овластен сметководител

Apply now

KFK – специјализирана компанија за контролинг, финансии и консалтинг со фокус на даночно советување, финансии и сметководствени услуги го проширува својот тим:


Овластен сметководител


ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:


  •    Менаџирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водење на трговски/ деловни книги и финансиски извештаи во согласност со закон;
    •   Контрола на целокупната влезно- излезна документација;
      •   Проверка на аналитички картички по конта;
        •   Усогласување на материјалното сметководство со финансиското;
          •  Контрола на персонален данокод доход;
            •   Учествува во воспоставување, одржување и координација на имплементацијата на сметководствените и контролните процедури;
              • Проверка на податоци од влезни и излезни декларации;
                •    Изработка на извештаи за државни институции, завод за статистика, Народна Банка на Република Македонија;
                  •   Комуникација со надворешни ревизори при спроведување на ревизија;
                    •  Изготвување на годишни сметки и финансиски извештаи;
                      • Следење на законски прописи и други општи акти од областа на даноци, сметководство, МСФИ и МСС, финансиско- материјално работење.

                        ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:


                        •  Завршено високо образование во областа на економските науки;
                          •  5 години работно искуство во некој од сметководствените системи;
                            • Работно искуство во консултантска компанија ќе се смета за предност;
                              • Лиценциран овластен сметководител;
                                • Одлично познавање на Microsoft Office;
                                  • Напредно познавање на Word Excel ќе се смета за предност.

                                    ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОМАЦИИ


                                    Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на info@kfk.mk


                                    Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


                                    Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.


                                    *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com 

                                    Kfk
                                    Employment Information
                                    JobLink by Dekra

                                    Subscribe and Get our
                                    New updates regularly

                                    JobLink by Dekra