За сите реони
м/ж
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
Го прошируваме нашето 24/7 портфолио, ги прошируваме и нашите тимови!
Заради зголемен обем на работа, го прошируваме тимот за продажба и отвoраме нови работни позиции за Унапредувачи на пазарот – најклучната алка во нашата компанија.
ШТО НУДИМЕ?
• Фиксен и варијабилен надоместок на плата;
• Службено возило достапно за користење 24/7 со целосно покриени патни трошоци;
• Иновативни и целосно дигитализирани алатки за работа;
• Академија за продажба сертифицирана од Coca Cola HBC која овозможува унапредување на продажните и преговарачките вештини;
• Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности;
• Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси;
• Бесплатни компаниски производи за роденден и празници;
• 24/7 осигурување од незгода;
• Почетен Договор за вработување на шест месеци, со можност за продолжување на неопределен временски период.
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Посета на купувачите со цел одржување на долгорочни квалитетни односи со нив;
• Преговарање и унапредување на продажбата на нашето портфолио, преку креирање електронски нарачки во систем согласно потребите на купувачите;
• Поставување активации за продажба на производи во објектите на нашите купувачи, во согласност со целите на компанијата;
• Анализа на пазарот преку современи алатки и давање предлози за инвестиции во продажни објекти на нашите купувачи;
• Остварување на поставените таргети за кои следува дополнителен надоместок.
ШТО БАРАМЕ:
• Високо образование ќе се смета за предност;
• Возачка дозвола Б-категорија;
• Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
• Добро познавање на англиски јазик;
• Чувство за односи со клиенти.
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 22.10.2024г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
We use cookies to ensure you get the best experience on our website. By clicking "Accept", you agree to the use of cookies.