Магационер за залихи

Apply now

Магационер за залихи


м/ж


КОИ СМЕ НИЕ


Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.


Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.


Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!


ШТО НУДИМЕ?


  • Можност за вработување на кандидати со и без работно искуство
  • Можност за продолжување на договорот на неопределено време
  • Платена сменска работа и работа на празник
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Обезбедена обука за работа
  • Обезбедена ХТЗ опрема
  • Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании
  • Фит кит – бесплатна месечна членaрина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:


  • Управува со процесите во магацинот за готов производ БАП/Пивоопслужување на производни линии,организација на магацински простор,активности за товарење и истовар на производ,прием и издавање на готов производ, амбалажа и палети,производство и контрола на мешани палети
  • опслужување на производни линии,
  • организација на магацински простор,
  • активности за товарење и истовар на производ,
  • прием и издавање на готов производ, амбалажа и палети,
  • производство и контрола на мешани палети
  • опслужување на производни линии,
  • организација на магацински простор,
  • активности за товарење и истовар на производ,
  • прием и издавање на готов производ, амбалажа и палети,
  • производство и контрола на мешани палети
  • Ги координира магацинските активности во неговата работна смена во согласност со потребите на внатрешните и надворешните клиенти
  • Сноси материјална одговорност за материјалната состојба на магацинот за готов производ во БАП/Пиво.

ШТО БАРАМЕ:


  • Минимум ССП, ВСС ќе се смета за предност, во областа на логистика, економски смерови, и сл.  
  • Работно искуство во логистика
  • Ориентираност и подготвеност за тимска работа и работа во смени

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 22.10.2024г.


Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Работното време за позицијата е 8 часа, со ротација во 3 смени, во текот на работната недела. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Pivara Skopje
Employment Information
JobLink by Dekra

Subscribe and Get our
New updates regularly

JobLink by Dekra