Оператор во производство

Apply now

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО


м/ж


КОИ СМЕ НИЕ


Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.


Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.


Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!


ШТО НУДИМЕ?


  • Можност за вработување на кандидати со и без работно искуство
  • Можност за продолжување на договорот на неопределено време
  • Платена сменска работа и работа на празник
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Обезбедена обука за работа
  • Обезбедена ХТЗ опрема
  • Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании
  • Фит кит – бесплатна месечна членaрина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:


  • Учествува во пакувањето на производот во шишиња, лименки и препакување на производ, согласно план за производство
  • Одговара за целокупната работа во смената и исполнување на производниот план во својата работна зона, а води и евиденција за произведени количини производ 
  • Со помош на претходна обука, се грижи за отстранување на евентуални помали неправилности на машината
  • Учествува во дневни тимски состаноци пред почеток на смената и прави преглед на завршени и тековни активности
  • Го следи, надгледува и контролира процесот на пакување, согласно пропишаните цели, правила и процедури на одделот и компанијата

ШТО БАРАМЕ:


  • ССП во областа на Прехранбени технологии, Електро-техника, Машинство или Автоматика
  • Мотивација за работа во динамично и напредно технолошко окружување

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 22.10.2024г.


Работниот однос се заснова на определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Работното време за позицијата е 8 часа, со ротација во 3 смени, во текот на работната недела. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Pivara Skopje
Employment Information
JobLink by Dekra

Subscribe and Get our
New updates regularly

JobLink by Dekra