Инженер по геодезија

Apply now

ДГТ Жикол ДООЕЛ – реномирана градежна компанија од Македонија, која веќе 30 години успешно работи на македонскиот пазар, има потреба од нови лица во својот тим.


Инженер по геодезија – 3 извршители


  •  НАЗИВ НА РАБОТНОТО МЕСТО - Геометар/Инженер по геодезија    
    • ОРГАНИЗАЦИСКА ЕДИНИЦА - Сектор за Геодезија
      •  Одговара пред  - Раководител на Сектор за геодезија

          ГЛАВНИ ЗАДАЧИ


        • Врши припрема и подготовка на податоци, согласно проектна документација;
          •  Врши обележување и исколчување на објекти, согласно проектна документација -  нискоградба (атмосферски и фекални канализации, водоводни мрежи, улици и патишта, мостови, подземни инсталации, темелни конструкции и др.) - нискоградба (објекти за индивидуално и колективно домување, хали (армирано бетонски контрукции и челични конструкции)
            •  Изработува геодетски снимки за проектирање;
              •  Изработува геодетски снимки за проекти на изведена состојба;
                •  Врши обработка на теренски добиени податоци;
                  •  Изготвува показатели, коти за видот и динамиката на градбата;
                    •  Изработува скици, планови и обележување на објектите за работа;
                      •   Дава потребни податоци за изработка на елаборати;
                        •   Врши надзор и геодетско следење на објекти во тек на градба и се грижи за целосно и навремено извршување на предвидените работи;
                          •  Подготвува податоци (ситуациони планови) со цел да се изработат проекти ;
                            •  Изработува дневни, неделни, месечни и годишни извештаи и извештаи по барање на претпоставениот;
                              • Извршува и други работи на своето работно место согласно тековните потреби.

                                ДЕЛОВНИ ВРСКИ (Надвор од компанијата)


                                •  Јавни институции;
                                  •   Деловни здруженија и институции/организации;
                                    • Надворешни соработници.

                                       УСЛОВИ ЗА РАБОТНОТО МЕСТО (ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И КВАЛИФИКАЦИИ)


                                      • Степен на образование - Средно и/или пожелно високо образование;
                                        • Потребен вид на факултетско образование - Градежно училиште и/или Градежен факултет, отсек Геодезија.

                                          Професионални компетенции


                                          •  Познавање на законска и подзаконска регулатива од областа на градежништвото;
                                            •  Познавање од теренски мерења со геодетски инструменти;
                                              • Способност за читање технички цртежи и работа со документација;
                                                • Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel), AutoCAD (Civil 3d)
                                                  • Одговорност за лична едукација и развој;
                                                    • Способност за разрешување на проблеми, олеснување на дискусија, донесување одлуки и решавање конфликти ;
                                                      • Способност за работа во динамично темпо и во мултитаскинг на проекти;
                                                        • Подготвеност за работа со кратки рокови.

                                                          Професионално искуство - 2 години соодветно работно искуство; Познавање на странски јазик - Активно познавање на англиски јазик;  Возачка дозвола - Б-категорија.


                                                          Способности (компетенции)


                                                          •  Напредни организациони и аналитички вештини;
                                                            • Ориентираност кон резултати;
                                                              • Самоиницијативност;
                                                                •  Тимска работа и градење на тимски дух;
                                                                  •  Одлични комуникациски вештини;
                                                                    •  Лојалност, доверба, чесност, професионалност;
                                                                      • Одговорност и посветеност на работата;
                                                                        • Прецизност, точност, ефикасност.

                                                                          УСЛОВИ ЗА РАБОТА - Канцелариска работаи работа на терен.


                                                                          Сите заинтересирани кандидати може да испратат биографија на -  vrabotuvanje@zikol.com.mk

                                                                          Zikol
                                                                          Employment Information
                                                                          JobLink by Dekra

                                                                          Subscribe and Get our
                                                                          New updates regularly

                                                                          JobLink by Dekra