Специјалист за човечки ресурси и правни работи

Apply now

Во име на својот клиент, ПРИМА МК Д.О.О Скопје, дел од интернационална корпорација ПРИМА ГРУП, специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:


Специјалист за човечки ресурси и правни работи


ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО


  •  Подготовка на правни акти ( договори за деловна соработка, договори за раскинување, измени, опомени ) ;
    •  Подготовка на документација поврзана со сите јавни институции со кои соработува компанијата;
      • Подготовка на документација за надлежни Нотари, адвокати и судови;
        •  Анализа на законите и законските прописи;
          • Прием, подготовка и доставување на административни материјали/ документи;
            • Обезбедување документи од државни и надлежни институции;
              •  Подготовка на целосна документација во врска со тужбите пред надлежните органи;
                •  Пријавување и одјавување на вработени;
                  • Подготовка на договори за вработување, одлуки и се што е поврзано со досието на вработените;
                    • Водење на евиденција за годишни одмори на вработените;
                      • Подготовка на интервни акти поврзани со работењето на компанијата и вработените;
                        •  Водење евиденција и подготовка на документација за одговорности и задачи за здравје и безбедност при работа во делот  логистика;
                          •   Комуникација со царинска управа, шпедиција, Народна банка на Република Македонија;
                            • Подготовка на документација поврзана со испраќање акцизни маркички до фабриките на производителот.

                              ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ


                              •    Високо образование во областа на правните науки;
                                •     Минимум една година искуство на иста или слична работна позиција;
                                  •     Одлично познавање на Word, Excel и Power Point;
                                    •   Одлични комуникациски и организациски вештини;
                                      •  Возачка дозвола од Б категорија;
                                        •   Познавање на Трговско право, Облигационо право, Закон за акцизи и Закон за безбедност и заштита при работа.

                                          ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ


                                          Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com


                                          Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


                                          Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.


                                          *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

                                          Dekra Vrabotuvanje
                                          Employment Information
                                          JobLink by Dekra

                                          Subscribe and Get our
                                          New updates regularly

                                          JobLink by Dekra