Company Profile
Млекара АД Битола
Со традиција уште од 1952 година, Млекара АД Битола денес е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Р. Северна Македонија, задоволувајќи ги секојдневно потребите на повеќе од милион потрошувачи. Токму потрошувачите се во фокусот на деловната стратегија на компанијата. Од нивните желби и потреби започнуваат сите деловни процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството.
Следењето на светските трендови, како и инвестициите во нови софистицирани технологии со целосна посветеност на безбедноста и квалитетот на производите и производствениот процес, овозможија проширување на асортиманот и креирање на производи кои што ја потврдуваат лидерската позиција на нашата компанија во индустријата за млеко и млечни производи.
Job Openings
Browse the roles currently published by this employer.
