Општи Услови за Работење на Порталот dekrajoblink.mk

Добредојдовте на Порталот dekrajoblink.mk! Ова се Условите за работење кои се применуваат за секое купување на услуга на Порталот dekrajoblink.mk. Пред да се пристапи кон купување на услугите кои ги нудиме и овозможуваме потребно е да се запознаете со овие одредби бидејќи тие содржат значајни информации за Вашите права и обврски. Со купување на услугите кои ги нудиме на нашиот Портал потврдувате дека претходно сте се запознале со Општите услови за работење на Порталот dekrajoblink.mk и дека истите ги прифаќате во целост.

Сопственик на веб страната и доменот односно на Порталот www.dekrajoblink.mk е: Друштво за услуги Декра Вработување ДООЕЛ Скопје со седиште на Ул.„Црвена Вода„ бр.7/1 1000 Скопје со ЕМБС:6091490 и ЕДБ:4030006586512 со е-маил адреса: administrator.arbeit.mk@dekra.com основано во согласност со законите на Република Северна Македонија.

Услуги кои се нудат

Давател на услуги на Порталот dekrajoblink.mk нуди и овозможува:

  • Објава на еднократни огласи за вработување по барање на Корисник
  • Објава на пакет огласи за вработување по барање на Корисник
  • Закуп на рекламен банер или промовирана позиција на сајтот за надомест

Услугите кои Декра Вработување ДООЕЛ Скопје ги нуди преку овој Портал нема да бидат спротивни на јавниот интерес, вклучувајќи заштита од омраза или нарушување на човечкото достоинство.

Дефиниции

Кога велиме „Давател на услуги“ „Ние“ или “ДЕКРА” се однесува на Декра Вработување ДООЕЛ Скопје. Кога велиме „Корисник на услуги“ или „Вие“ се однесува на физичко или правно лице кое купило услуга од Давателот на услуги.

Дополнителни дефиниции вклучуваат „Услуги“, „Портал“, „Регистриран корисник“, „Гостин“ и други поими опишани во документот.

Општи одредби

Условите важат за целокупното работење на Порталот www.dekrajoblink.mk и опфаќаат купување на услуги, нарачки, испорака, и други документи.

Порталот не е наменет за лица под 15 години, а злоупотреба со лажни податоци може да резултира во отстранување на корисничката сметка.

Нарачки и плаќање

Нарачување на услуги на Порталот може да се изврши преку електронска уплата или со фактура подготвена од Декра.

  • Купувањето се врши со платежни картички (Visa, Mastercard) преку ХалкБанк АД Скопје.
  • Уплатените средства се неповратни, но може да се пренаменат за друга услуга со писмено барање.

Откако ќе направите нарачка, ќе добиете автоматска е-порака за потврда на нарачката.

Заштита на личните податоци

ДЕКРА ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Авторски права и интелектуална сопственост

Оваа веб страница е во сопственост на Декра Вработување ДООЕЛ Скопје и се заштитени со авторски права.

JobLink by Dekra

Редовно добивајте ги
најновите информации

JobLink by Dekra