Референт за сметководствена евиденција на побарувања
Референт за сметководствена евиденција на побарувања
Вега Фармацеутикал Логистикс е водечка веледрогерија на пазарот и
дел од силна регионална групација, која секојдневно ја движи фармацевтската
индустрија напред. Зад нашиот успех стои тим од посветени професионалци кои
работат со високи стандарди, меѓусебна доверба и заедничка цел – сигурен и
ефикасен синџир на снабдување во служба на здравјето.
Создаваме работна средина што поттикнува развој, соработка и
преземање одговорност, каде секој придонес има значење. Веруваме дека
стабилноста, знаењето и тимската енергија се клучот за долгорочен успех – за
нашите партнери, за пациентите и за секој член од нашиот тим.
Обврски и одговорности:
- Сметководсвено
евидентирање и обработка на финансиски податоци (фактури, изводи)
- Усогласување
на наплатата со броеви на фактури
- Усогласување
на картици со купувачи
- Контакт
со клиенти и договарање на начинот на наплата
- Следење,
евидентирање и ги анализирање побарувањата и доставува предлози со цел
наплата на побарувањата
- Следење
на наплатата на побарувањата и превземање на активности и мерки за наплата
на тековни и стари побарувања согласно процедурите и актите на Друштвото
- Доставување дневни, неделни и месечни извештаи до
раководството за работењето на побарувањата
Потребни квалификации, вештини и способности:
- Високо
образование VII степен, Економски факултет
- Искуство
од најмалку една година на иста или слична позиција
- Силни
преговарачки способности
- Познавање
на MS Office (напредно познавање на Excel)
- Висока
работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи
- Познавање
на САП бизнис оне систем ќе се смета за предност
Нудиме:
- Работа
во стабилна и водечка компанија на пазарот
- Можности
за професионален развој и континуирана обука
- Мотивирачки
систем на наградување
- Динамична
работна средина
Доколку сакате да бидете дел од тим што поставува стандарди во
индустријата, ве покануваме да ја испратите вашата апликација на следната
е-маил адреса: personal@vega-group.mk
Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на
огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите
пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по
истекување на огласот.
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на
наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@vega-group.mk