МАГАЦИОНЕР
Со традиција уште од 1952 година, Млекара АД Битола денес е најголемиот производител на млеко и млечни производи во нашата земја, задоволувајќи ги секојдневно потребите на повеќе од милион потрошувачи. Бимилк претставува синоним за традиција, квалитетни млечни производи и успешно деловно работење, а за деловните принципи на кои се придржува компанијата од основањето е заслужен нашиот тим од врвни експерти, како и задоволни вработени.
Потрошувачите се во фокусот на деловната стратегија на компанијата, но задоволниот вработен е показател за успехот на Бимилк.
Соодветниот кандидат идеално треба да го поседува следното:
КВАЛИФИКАЦИИ:
Со испраќањето на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година. Само апликациите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
Потрошувачите се во фокусот на деловната стратегија на компанијата, но задоволниот вработен е показател за успехот на Бимилк.
Соодветниот кандидат идеално треба да го поседува следното:
КВАЛИФИКАЦИИ:
- Претходно работно искуство во магацинско работење ќе се смета за предност;
- Образование ССС;
- Можност за самостојна и тимска работа
- Способност за ефикасно решавање на проблемите
- Стрпливост и упорност
- Ја организира работата на служба Магацини со цел најефикасно и најрационално извршување на прием, складирање, издавање, утовар и истовар во согласност со законските прописи, утврдените процедури и упатства за работа;
- Води грижа и ја контролира хигиената во и пред магацините и стопанскиот двор;
- Води евиденција за трошоците поврзани со магацинско кало во магацините за готови производи;
- Предлага распоред за работа на своите подредени до претпоставениот и го контролира квалитетот на извршувањето на нивните работни задачи;
- Издава документација за влез и излез на производи по линии, репроматеријали, резервни делови и основни средства;
- Се раководи по FI-FO (First In First Out) принципот за издавање на магацинската роба и по останатите упатства и процедури;
- Ги припрема сите потребни извештаи кои се однесуваат на расположливост, локација на робата, краен датум на употреба;
- Прави трансфер на повратот на роба од магацинот кон производство согласно процедурата за поврат на роба;
- Како корисник на информациониот систем одговара за точност, ажурност и укажува на евентуални проблеми во работата;
- Се придржува кон мерките за безбедност и здравје при работа;
- Го контролира приемот на амбалажа од логистичките центри и сложува амбалажа вратена од терен;
- По налог на надредениот извршува работи во интерес на компанијата и поднесува извештај за својата работа;
- Конкурентна основна плата
- Обезбедена обука за работните процеси
- Регрес за годишен одмор во висина од 100%
- Колективно осигурување
- Приватно здравствено осигурување од првиот работен ден
- Платен превоз и храна
- Училишен пакет за правичиња
Со испраќањето на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година. Само апликациите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.