Помлад соработник за оперативно работење во Филијала Велес
Комерцијална банка вработува 1 (еден) Помлад
соработник за оперативно работење во Филијала Велес
Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и
амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со
долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и
иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, Ве
поттикнуваме да аплицирате за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата
на Банката во Велес.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 23.06.2026 година
Работни цели и задачи:
·
Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот
платен промет;
·
Понуда на депозитни производи;
·
Промоција и продажба на банкарски производи;
·
Брз трансфер на пари;
·
Менувачко работење;
·
Учество во промотивни кампањи.
Потребни квалификации и
способности:
·
Завршено високо образование од областа на
економски науки со најмалку 180 ЕКТС кредити или VII /1 степен;
·
Познавање на англиски јазик и MS Office алатки;
·
Со или без работно искуство;
·
Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
·
Прецизност во извршување на работните задачи;
·
Ориентираност кон потребите на клиентите;
·
Адаптибилност во динамична работна средина;
·
Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
·
Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
·
Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
·
Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и
компетенции;
·
Доброволно приватно здравствено осигурување;
·
Програма за спорт и рекреација;
·
Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни
настани, користење библиотека и сл.
Вие би
биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате
во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб страницата на Банката
на следниот линк, или преку e-mail vrabotuvanje@kb.mk, со назнака: „Oглас за
вработување на Помлад соработник за оперативно
работење во Филијала Велес”.
Телефон
за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои
ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена
по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени
кандидати.
Напомена: Апликацијата за
вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на
личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни
сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри
во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема
да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.