Сметководител
Сметководител во Сектор Финансии и сметководство
Ако имаш амбиција за професионален развој во динамична средина, со одлични услови и атмосфера за работа, пријави се на огласот и приклучи се на нашиот тим!
УНИ Банка АД Скопје има потреба од мотивирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Сметководител во Сектор Финансии и сметководство
Биди и ти дел од нашиот тим...
Квалификации:
• Високо стручно образование;
• Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
• Одлични аналитички способности;
• Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите;
• Позитивни, одговорни и посветени;
• Познавање MS Office пакетот;
• Mотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења.
Работни активности:
• Врши распределба на уплати од општа сметка на Банката на времени конта по дирекции и сметководствена евиденција на нето приливи и одливи по трансакции од Виза и Мастер;
• Врши сметководствена евиденција на влезни и излезни фактури, патни налози, сефови, меници, токени и картички и плаќање на влезни фактури;
• Прави конфирмации за екстерни ревизори;
• Води вонбилансна евиденција на пречекорувања на тековни сметки;
• Сметководствена евиденција на сите активности поврзани со тргување со инвестициско злато и сребро.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно.
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!
На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и усовршување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Бенефиции:
• Политика за наградување преку системот на бонуси
• Обуки за личен и професионален развој
• Колективно осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување
• Спортски активности и настани за дружење.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 01.06.2026 година.
*Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификции и услови ќе бидат повикани на интервју.
Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти. Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк:
zlp@unibank.com.mk