Раководител на експозитура Скопје
Раководител на експозитура Скопје
Ако имаш амбиција за професионален развој во динамична средина, со одлични услови и атмосфера за работа, пријави се на огласот и приклучи се на нашиот тим!
УНИ Банка АД Скопје има потреба од мотивирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Раководител на експозитура Скопје
Биди и ти дел од нашиот тим...
Квалификации:
• Високо стручно образование – предност Економски факултет;
• Работно искуство од најмалку 3 години, предност раководна позиција во финансиски сектор;
• Одлично познавање на англиски јазик и MS Office;
• Менаџерски и лидерски способности;
• Силни преговарачки способности, страст за продажба и работа со клиенти;
• Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
• Возачка дозвола Б категорија.
Работни активности:
• Активно учество во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти, гради продажна и претприемачка култура во експозитурата;
• Одговорен за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна диструбиција на останатите банкарски производи и услуги;
• Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
• Се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата;
• Одговара за исполнувањето на таргетите и финансиските резултати на работењето на експозитурата;
• Ги следи промените на законската и подзаконската регулатива како и актите на Банката и се грижи за нивната примена во работењето на експозитурата;
• Oрганизира, координира и раководи со тимот во експозитурата и дава иницијативи за унапредување на тековното работење.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!
На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и усовршување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Бенефиции:
• Политика за наградување преку системот на бонуси
• Обуки за личен и професионален развој
• Колективно осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување
• Спортски активности и настани за дружење.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 07.06.2026 година.
*Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју.
Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти. Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законските прописи. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк:
zlp@unibank.com.mk