Менаџер за корпоративна продажба
❖ Имаш страст за финансии и продажба?
❖ Поседуваш одлични комуникациски и преговарачки вештини?
❖ Сакаш да работиш со корпоративни клиенти и да градиш долгорочни партнерства?
❖ Го гледаш својот раст во стабилна и успешна компанија?
❖ Веруваш дека успехот доаѓа преку тимска работа и заеднички напори?
Ако одговорот е ДА, тогаш ова е вистинската можност за тебе!
ШТО ЌЕ ПРАВИШ?
✓ Ќе комуницираш со корпоративни клиенти и ќе им нудиш најсоодветни банкарски производи и финансиски решенија;
✓ Ќе градиш силни и долгорочни односи со клиентите;
✓ Ќе вршиш промоција и продажба на корпоративни банкарски производи и услуги;
✓ Ќе работиш во тим за постигнување на заеднички продажни цели и зголемување на портфолиото на клиенти;
✓ Ќе се обучуваш преку континуирани обуки и тренинзи;
✓ Ќе ги следиш пазарните трендови и конкуренцијата;
ШТО НУДИМЕ?
❖ Конкурентна фиксна плата + атрактивни бонуси за постигнати резултати;
❖ Можности за професионален развој и кариера во корпоративно банкарство;
❖ Динамично и амбициозно работно опкружување со професионален и мотивиран тим;
❖ Континуирани обуки и тренинг програми за усовршување на твоите продажни вештини;
❖ Можност за работа со водечки компании и бизниси;
Ако си амбициозен, комуникативен и имаш желба за успех, испрати ја твојата биографија уште денес!
Стани дел од нашиот тим и гради успешна кариера во банкарството!
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
ТРЕБА ДА ПОСЕДУВАШ:
❖ Високо стручно образование;
❖ Познавање на англиски јазик;
❖ Возачка дозвола Б категорија;
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на jobs@unibank.com.mk, или на адреса:
Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 07.06.2026 година.
*Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификции и услови ќе бидат повикани на интервју.
Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти. Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк:
zlp@unibank.com.mk