Магационер / Виљушкарист
Во име на нашиот клиент, Perutnina Ptuj компанија со долгогодишна традиција, препознатлив квалитет и силно присуство на домашниот и регионалниот пазар, ДЕКРА ја објавува позицијата:
- Магационер / Виљушкарист
ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА
- Прием, проверка и складирање на стока во магацин;
- Управување со виљушкар при вчитување, истовар и транспорт на производи во магацинскиот простор;
- Подготовка и издавање на нарачки согласно потребите на производството и дистрибуцијата;
- Вчитување и истовар на стока;
- Водење евиденција за влез и излез на производи;
- Контрола на количина, рокови и исправност на производите;
- Одржување на ред и организација во магацинскиот простор;
- Работа согласно интерните процедури и стандарди за безбедност и хигиена ;
- Соработка со останатите оддели во компанијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено средно образование;
- Спремност за работа на температурен режим -20 и од 0-4;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Поседување важечка дозвола/сертификат за управување со виљушкар;
- Искуство во работа со виљушкар ќе се смета за предност;
- Основно познавање на работа со компјутер;
- Одговорност, точност и способност за тимска работа;
- Подготвеност за работа во смени;
- Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Предвидената плата за позицијата е 45000 МКД нето.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com