МАГАЦИОНЕР
Со традиција уште од 1952 година, Млекара АД Битола денес е најголемиот производител на млеко и млечни производи во нашата земја, задоволувајќи ги секојдневно потребите на повеќе од милион потрошувачи. Бимилк претставува синоним за традиција, квалитетни млечни производи и успешно деловно работење, а за деловните принципи на кои се придржува компанијата од основањето е заслужен нашиот тим од врвни експерти, како и задоволни вработени.
Потрошувачите се во фокусот на деловната стратегија на компанијата, но задоволниот вработен е показател за успехот на Бимилк.
Современиот кандидат идеално треба да го поседува следното:
• Претходно работно искуство во магацинско работење ќе се смета за предност;
• Образование ССС;
• Можност за самостојна и тимска работа
• Способност за ефикасно решавање на проблемите
• Стрпливост и упорност
• Ја организира работата на служба Магацини со цел најефикасно и најрационално извршување на прием, складирање, издавање, утовар и истовар во согласност со законските прописи, утврдените процедури и упатства за работа;
• Води грижа и ја контролира хигиената и во пред магацините и стопанскиот двор;
• Води евиденција за трошоците поврзани со магацинско како во магацините за готови производи;
• Предлага распоред за работа на своите подредени до претпоставениот и го контролира квалитетот на извршувањето на нивните работни задачи;
• Издава документација за влез и излез на производи по линии, репроматеријали, резервни делови и основни средства;
• Се раководи по FI-FO (first in first out) принципот за издавање на магацинската роба и по останатите упатства и процедури;
• Ги припрема сите потребни извештаи кои се однесуваат на расположливост, локација на робата, краен датум на употреба;
• Прави трансфер на повратот на роба од магацинот кон производство согласно процедурата за поврат на роба;
• Како корисник на информациониот систем одговара за точност, ажурност и укажува на евентуални проблеми во работата;
• Се придржува кон мерките за безбедност и здравје при работа;
• Го контролира приемот на амбалажа од логистичките центри и сложува амбалажа вратена од терен;
• По налог на надредениот извршува работи во интерес на компанијата и поднесува извештај за својата работа;
• Конкурентна основна плата
• Обезбедена обука за работните процеси
• Регрес за годишен одмор во висина од 100%
• Колективно осигурување
• Приватно здравствено осигурување од првиот работен ден
• Платен превоз и храна
• Училишен пакет за првачиња
Вашата Професионална биографија (CV), можете да ја испратите на следната e-mail адреса:
vrabotuvanje.bimilk@bimilk.mk со задолжителна назнака во насловот на e-mail-от „МАГАЦИОНЕР за Скопје Петровец“.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година. Само апликациите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.