МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК- ВИЛУШКАРИСТ
Со традиција уште од 1952 година, Млекара АД Битола денес е најголемиот производител на млеко и млечни производи во нашата земја, задоволувајќи ги секојдневно потребите на повеќе од милион потрошувачи. Бимилк претставува синоним за традиција, квалитетни млечни производи и успешно деловно работење, а за деловните принципи на кои се придржува компанијата од основањето е заслужен нашиот тим од врвни експерти, како и задоволни вработени.
Потрошувачите се во фокусот на деловната стратегија на компанијата, но задоволниот вработен е показател за успехот на Бимилк.
Соодветниот кандидат идеално треба да го поседува следното:
• Претходно работно искуство во магацинско работење ќе се смета за предност;
• Образование ССС;
• Можност за самостојна и тимска работа
• Способност за ефикасно решавање на проблемите
• Стрпливост и упорност
• Обавува работи околу приемот, складирање, утоварот, растоварот и спремањето за испораката на готовите производи или репроматеријали во магацинот каде е распореден: рачно, со рачен електричен, плински или електричен вилушкар;
• При ракување со опасни по здравје материјали се обврзува да користи заштитна опрема;
• Сложува амбалажа вратена од терен;
• Работи на формирање, амбалажирање, подигање и ускладиштување на палетите;
• Води грижа и ја одржува хигиената на просторите во кои работи, стопанскиот двор и е одговорен за хигиената;
• Спроведува мерки за заштита при работа и се придржува кон мерките за безбедност и здравје при работа;
• Води грижа за исправноста и состојбата на вилушкарот, полнењето на акумулаторите и полнењето на гориво;
• Ги одржува вилушкарите, алатот и приборот за работа;
• Во отсуство на магационерот се задолжува со примените и издадени стоки и дава извештај пред магационерот;
• По налог на надредениот извршува работи во интерес на компанијата и поднесува извештај за својата работа
• Конкурентна основна плата
• Обезбедена обука за работните процеси
• Регрес за годишен одмор во висина од 100%
• Колективно осигурување
• Приватно здравствено осигурување од првиот работен ден
• Платен превоз и храна
• Училишен пакет за првачиња
Вашата Професионална биографија (CV), можете да ја испратите на следната e-mail адреса:
vrabotuvanje.bimilk@bimilk.mk со задолжителна назнака во насловот на e-mail-от „МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК-ВИЛУШКАРИСТ за Скопје Петровец“.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година. Само апликациите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.