Аналитичар
Аналитичар
во Сектор за Корпоративни пласмани
во Дирекција Корпоративно банкарство
Уни Банка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Биди и ти дел од нашиот тим...
Квалификации:
• Диплома за завршено високо образование – Економски факултет
• Работно искуство од најмалку 1 година во финансиски институции или компании со фокус на финансии, анализа, сметководство и ревизија или деловно советување и консалтинг
• Работно искуство во изготвување на финансиски анализи на правни субјекти ќе има приоритет при изборот
• Добро познавање на економските трендови и аналитички способности во областа на корпоративниот сектор
• Афинитети за тимска работа
• Добро познавање на англиски јазик
• Одлично познавање на Microsoft Office
• Возачка дозвола Б категорија
Работни активности:
• Управување со корпоративните клиенти на Банката
• Изработување комплетна анализа и проценка на финансиската и економската состојба на корпоративните клиенти
• Директна комуникација со корпоративните клиенти
• Презентација на кредитните барања до надлежните органи на одлучување на Банката
• Следење на договорните обврски на корпоративните клиенти
• Унапредување на соработката со постоечките клиенти
• Доставува предлози за подобрување и оптимизација на работењето во секторот
Бенефиции:
• Политика за наградување преку системот на бонуси
• Обуки за личен и професионален развој
• Колективно осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување
• Спортски активности и настани за дружење
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 02.06.2026 година.
*Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификции и услови ќе бидат повикани на интервју. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти. Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк:
zlp@unibank.com.mk