Советник за членови
Кои сме ние?
Diners Club International е платежна институција за издавање и администрирање на кредитни картички. Diners Club е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата уште од 1996 година, кога всушност е основана компанијата Diners Club Македонија.
Во декември 2020 година, Diners Club Македонија за прв пат станува директен сопственик на франшизата, со склучување на франшизен договор со Diners Club International Ltd. како компанија за директни банкарски и платежни услуги. Со тоа Diners Club Македонија го презема ексклузивното право за издавање на Diners Club картички во Република Северна Македонија.
Што може да очекувате:
Нето плата од 30 000 – 36 000 денари
- Бонуси од остварени резултати во висина до 50% од нето плата
- Можност за приватно здравствено осигурување
- Работно време во смени - Пон-Саб 10:00-22:00, Недела и празници 10:00-20:00 часот
- Полно работно време 40 часа
- Платена едукација и обуки
- Можност за учење, развој и унапредување на вештините
- Локација на работно место: Bliss Mall - Битола
Основни работни задачи и одговорности:
Презентација и промовирање на придобивките и условите на Diners Club картичките
- Проактивен пристап на комуникација и презентација на концептот и надвор од границите на самиот штанд
- Анимирање и едуцирање на посетителите во трговскиот центар за понудата
- Дигитална обработка и пополнување апликации (на компјутер и таблет)
- Персонализација и издавање на картичката на самото место
- Активација, едукација на корисникот за мобилната апликација и прво користење
- Администрација, грижа за залихата на материјали и уредност на штандот
Квалификации:
Стручно образование – Економска насока или Високо Образование – Економски Факултет, Бизнис Администрација ќе се смета за предност
- Работно искуство во продажба, промоција и работа со клиенти, пожелно но не и задолжително
- Основно познавање на MS Office и работа со Android/IOS уреди
- Агилност и самоиницијативност, следење на околината и срдечен пристап
- Фокусираност кон детали
- Развиени комуникациски вештини и способност за презентирање на производот со сите потребни информации за корисникот
- Екстровертна личност со висока позитивна енергија која ужива во динамична работна атмосфера и комуникација со луѓе
Место на работна позиција
Држава: Северна Македонија
Град: Битола
Општина: Битола
Адреса: Битола - Bliss Mall
Начин на апликација:
Aплицирај директно преку полето “Аплицирај” или испрати CV на hr@diners.mk најдоцна до 30.06.2026.