Комерцијалист- дистрибутер на книги
Во име на својот клиент Издавачки центар ТРИ, една од водечките издавачки куќи во Македонија со повеќе од 20 години успешно работење, ДЕКРА ја огласува позицијата
- Комерцијалист- дистрибутер на книги
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА
- Дистрибуција и испорака на книги до книжарници, продажни места и деловни партнери;
- Одржување и унапредување на соработката со постојните клиенти и продажни места;
- Посета на продажни локации и следење на потребите на клиентите;
- Презентација на новите изданија и продажни акции на ТРИ;
- Пронаоѓање и развивање нови продажни канали и деловни партнери;
- Следење на залихите кај клиентите и навремено предлагање дополнителни нарачки;
- Преземање и предавање на документација поврзана со испораките и продажбата;
- Комуникација и координација со останатите сектори во компанијата;
- Одговорно, професионално и навремено извршување на работните задачи.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Работно искуство во продажба, дистрибуција или работа со клиенти ќе се смета за предност;
- Познавање на работа со компјутер (MS Office);
- Возачка дозвола Б категорија;
- Активен и сигурен возач;
- Високо образование ќе се смета за предност;
- Одлични комуникациски и преговарачки способности;
- Изразена ориентираност кон продажба и постигнување резултати;
- Самоиницијативност и проактивен пристап кон работата;
- Одлични организациски способности;
- Способност за самостојна работа и работа во тим;
- Одговорност, точност и професионалност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Работнo време: 08:30 – 16:30 часот (понеделник – петок)
Локација: Општина Аеродром
Почетна плата: 38.000 денари
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
* Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com