Мојата пасија за е-трговија и воопшто е-бизнис, можам да кажам дека започна на Економскиот факултет УКИМ, со изборот на департманот Е-бизнис во 2006 година.
Практично, од тогаш „го дишам“ пазарот на е-трговија — најпрво во теорија, а веднаш по дипломирањето и во пракса, со лансирањето на Grouper во 2011 година. Во текот на студирањето учествував на многу натпревари — ги сметав за начин да се „тестирам“ себеси, а учев и нови работи бидејќи вложував доста енергија во подготовките. Во 2011 година, непосредно пред дипломирањето, победив на натпреварот за најиновативен бизнис план, организиран од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (NCDiel) при Машинскиот факултет, каде добив мал грант за да започнам сопствен бизнис.
Станувањето претприемач и водењето на сопствен бизнис не е нешто што го посакував од дете. Веројатно претприемачките гени од моите родители и начинот на кој ме воспитувале претставуваа солидна основа и почетна точка, но главниот поттик беше најверојатно добивањето на наградата, која ме охрабри веднаш по дипломирањето да се впуштам во започнување сопствен бизнис.
Интервју со Нина Ангеловска Станков, основач на Здружението за е-трговија на Македонија
Нина, Вие сте навистина значајна личност во обликувањето на е-трговијата во Македонија. Како започна Вашето патување во е-трговијата и што Ве поттикна да се вклучите во оваа област?
