Моето професионално патување со DEKRA Arbeit започна во 2000 година, по претходно стекнато раководно искуство во областа на привременото вработување, вклучувајќи позиција во Manpower. Од самиот оперативен почеток на DEKRA Arbeit Group, активно учествував во поставувањето на темелите и во стратегиското насочување на компанијата. Во 2004 година бев именувана за Управен Директор и Извршен Потпретседател.
Под мое раководство, Групацијата ја прошири својата активност во 20 земји, фокусирајќи се на одржлив и органски раст. Благодарение на оваа стратегија, во 2022 година остваривме промет од 586 милиони евра, со над 18.000 привремени вработени во нашите меѓународни оперативни канцеларии.
Интервју со Сузана Бернхард - Директор и Извршен потпретседател на DEKRA Arbeit Group
• Вашата кариера во ДЕКРА Арбеит започнува во далечната 2000 година. Можете ли да ни раскажете нешто повеќе за Вашиот професионален пат од самиот почеток до денес?
