• Драго ми е што ме сметате за препознатливо лице во HR заедницата. Целата работа, труд и посветеност ми биле воглавно во насока на подигање на свесноста за важноста на оваа професија и ми значи што луѓето ја препознаваат страста и љубовта што ја носам спрема оваа професија. Пред речиси пет години првпат чув за DisruptHR кога бев дел од настанот организиран од DisruptHR Ljubljana и премногу ми се допадна. Приказната зошто јас влегов во организацијата е навистина лична, ја споделив во воведот на вториот настан. Накратко, се соочував со животен предизвик во периодот кога ја добив лиценцата, го загубив гласот како последица на операција. Ми требаше нешто да се мотивирам и да работам на себе за да го вратам. Па си реков, сигурно ќе се бодрам сама за да зборувам на настанот што толку ми се допадна и ја зедов лиценцата. И иронично, настанот што мене требаше да ми го врати гласот, даде платформа за многу HR-и да бидат гласни, многу од кои првпат зборуваа пред толку луѓе токму на настанот. Јас сѐ уште не сум зборувала, да биде иронијата поголема.
Интервју со Викторија Дамчевска, организатор на “DisruptHR’’
Викторија, Вие сте веќе препознатливо лице во ХР заедницата. Како започна вашата поврзаност со “DisruptHR” и што лично Ве инспирираше да го организирате овој настан?
