Сите ги имаме тие моменти – идеја ни блеснува во глава, нешто внатре ни вели „Пробај!“, но веднаш потоа се појавува гласот на стравот: „А што ако не успеам?“ „А што ќе мислат другите?“ „Можеби не сум доволно добар/добра за ова.“
И… паузираме. Не преземаме ништо. Само продолжуваме со секојдневното, удобно и сигурно.
Но, што ако секоја таква мисла ја претвориме во акција? Што ако на секој страв му одговориме со чекор напред?
Ајде да направиме мала вежба:
Ако го испратев тоа CV, иако мислев дека „не сум доволно квалификуван/а“ – дали ќе бев таму денес?
Ако ја прашав таа личност за менторство, иако ми изгледаше „предалеку“ – што ќе научев побрзо?
Ако почнев со мал бизнис, иако се плашев од неуспех – каде ќе бев сега?
Ако ја објавев таа идеја, иако мислев дека никој нема да ја разбере – каков резултат ќе имаше?
Стравот не исчезнува – но може да се тренира
Вистина е – стравот нема магично да исчезне. Но можеме да го претвориме во сигнал за акција, а не за повлекување. Понекогаш токму таму каде што најмногу се плашиме да зачекориме, се крие најголемиот раст.
Ајде да размислуваме поинаку:
• Страв = сигнал за можност;
• Нервоза = потенцијал за раст;
• Непријатност = доказ дека излегуваш од комфорната зона (и се движиш напред).
Па, каде ќе беше мојата кариера ако…?
Веројатно подалеку.
Ќе научев повеќе – и побрзо.
Ќе запознаев луѓе што го менуваат светот.
И најверојатно, ќе се чувствував многу послободно.
Но најважно: ќе верував повеќе во себе.
Секогаш ќе има страв. Но денешната верзија на тебе може да одлучи да не го слуша толку гласно. Следниот пат кога ќе почувствуваш страв – прашај се: Што ќе се случи ако сепак го направам тоа? И дали вреди да останеш на истото место само затоа што ти е познато?
Предизвик за тебе:
Запиши една работа од која се плашиш – и направи мал чекор денес. Не цело скалило. Само еден чекор. И види каде ќе те однесе.
