Колку пати сте се запрашале што е успех и дали сте доволно успешни—и на професионален и на приватен план? Постојат различни дефиниции за успех, но најточна е онаа што самите ќе ја поставиме, врз основа на нашите објективни и реални критериуми.
За некого успех е да ги заврши работните задачи во текот на денот. За друг, успех е да има и втора и трета работа и да заработува повеќе. За трет, успех е да има доволно слободно време за себе, за блиските и за работите што ги сака.
Оттука доаѓаме до заклучокот дека успехот секој го дефинира различно, во зависност од сопствените афинитети и околности кои нѐ прават среќни. Затоа, не грижете се ако вашата дефиниција за успех се разликува од онаа на вашиот колега или пријател — тоа е сосема природно и здраво.
Сепак, важно е да си поставите цели и да знаете кога сте го постигнале успехот. Направете го тоа согласно вашите вредности и принципи во кои верувате… и кога ќе успеете — прославете. Направете нешто што ќе ви донесе дополнителна среќа и задоволство.
