Започна гласањето за избор на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 година. Веб-платформата JobLink by DEKRA е номинирана во три категории:
• Најдобар е-огласник;
• Најдобра новоотворена е-продавница во 2024 година;
• Е-продавница за услуги.
Своето право на глас можете да го остварите на следниот линк: E-commerce Awards 2024! Сѐ што треба да направите е да внесете валидна e-mail адреса и да гласате во различните категории.
Гласањето е отворено до 10 февруари.
Изборот на најдобрите во македонската е-трговија се организира по четврти пат, по иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). На овој начин се промовира домашната е-трговија, се истакнуваат постигнувањата, но и се разгледуваат предизвиците и бариерите кои сè уште постојат на пазарот.
Кликнете на линкот, поддржете нѐ и учествувајте во изборот на најдобрите е-трговци.
