Живееме во период кога социјалните мрежи и дигиталните платформи секојдневно се во подем и добиваат милиони нови корисници, регистрирани профили, приходи од реклами и слично. Денес, секој што има пристап до интернет може да се самонарече „експерт“ и „стручно“ лице за медиуми и јавни комуникации.
Сепак, реалноста е многу поинаква. Конкретно кај нас, во Македонија, овие денови и недели континуирано сме сведоци на дискусии за однесувањето на децата и младите, но и за поведението и одговорноста на родителите, старателите и целиот систем.
Денес, да се биде родител е голема обврска и предизвик. Дали новиот TikTok предизвик кај младите за зголемена употреба на лекот парацетамол може да доведе до штетни последици кај децата? Апсолутно да. Додека во јавноста е присутна темата за забрана на TikTok, паралелно се отвора и прашањето за зголемена едукација на младите, директен разговор со нив и засилена двонасочна комуникација.
Затоа што државите лесно можат да го забранат TikTok, но многу веројатно е најмладите да се пренасочат кон друга слична социјална мрежа. Оттука, важно е да разговараме со нашите деца. Од суштинско значење е да ги мотивираме да бидат искрени, да споделуваат со нас и убави и помалку убави работи, да ги научиме дека животот не е црно-бел и дека знаењето и вештините се единствените нешта што никој не може да ни ги одземе.
JobLink by DEKRA е веб-платформа која ги поврзува барателите на работа со компаниите, но свесни сме дека со нашата работа имаме улога и во едукацијата на новите генерации кои треба да се развиваат, да работат и да придонесуваат за себе и за околината. Оттука, се приклучивме на иницијативата на Brainster и доделуваме ваучер од 1.000 евра на студенти кои сакаат да го зголемат своето знаење, да бидат вешти, обучени и подготвени во различни области што денес го „движат“ светот — дигитален маркетинг, AI, програмирање, човечки ресурси и слично.
Аплицирајте сега! Затоа што знаењето и вештините никој не може да ви ги земе и тие секогаш имаат највисока вредност.
