Перцепцијата кај сите нас е дека секој јануари трае предолго. Празничниот период, поврзаните слободни денови и празници ни будат убава и топла атмосфера, но истовремено придонесуваат да се чувствуваме уморно, исцрпено и финансиски истрошено.
Големиот број мемиња и статуси на социјалните мрежи дека денес е 150-ти ден во јануари можат за момент да нѐ насмеат и да нѐ оттурнат од реалноста. Но факт е дека сите овие појави влијаат на нашето општо ментално здравје. Иритирани сме од тоа што месецот трае долго, а истовремено трошиме и голем дел од финансиските средства за подароци, прослави и слично.
Пред нас е вториот месец од 2025 година, но важно е да останеме продуктивни на работното место, а истовремено да се грижиме за себе, за луѓето кои ги сакаме и за целата околина. Тимот на JobLink by DEKRA подготви неколку совети за полесно надминување на зимскиот период и транзиција кон пролетта:
• Ако сте „зимска личност“ и сакате снег – излезете на чист воздух, одете на планина и уживајте во зимските спортови;
• Ако летото е вашиот омилен период – не заборавајте дека можете да си резервирате одмор уште сега и тоа по многу пониски цени;
• Бидете физички активни. Колку и да сте уморни по работниот ден – посветете барем 30 до 40 минути на физичка активност, спорт или вежбање.
И уште нешто што можете да направите до 10 февруари е да ја поддржите платформата dekrajoblink.mk и да гласате за неа на https://ecommerceawards.mk/ – избор на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 година. Платформата JobLink by DEKRA е номинирана во три категории: најдобар е-огласник, најдобра новоотворена е-продавница и најдобра е-продавница за услуги.
