За потенцијалот за раст на е-трговијата во регионот, досегашните достигнувања и предизвиците се дискутираше на седмата регионална конференција за е-трговија „E-commerce: Untangling Potential“.
Настанот, кој се одржа во Националната опера и балет, обедини повеќе од 700 учесници од 10 земји, меѓу кои беа и претставници на DEKRA Arbeit Macedonia.
Со креирањето на веб-платформата www.dekrajoblink.mk и воведувањето на плаќање преку веб-страницата, DEKRA стана дел од е-commerce заедницата, која континуирано расте во Македонија.
Во рамки на настанот, оперативната директорка на DEKRA, Катарина Тасевски, низ неформален разговор со претставници на компании и организации ја презентираше платформата JobLink by DEKRA.
Станува збор за мултимедијален сајт кој овозможува поврзување помеѓу засегнатите страни – работодавци и баратели на работа, промоција на компаниите, како и пристап до корисни информации и совети за оние кои бараат работа.
Тасевски истакна дека целиот тим на DEKRA Arbeit Macedonia посветено работел на развојот на оваа платформа.
JobLink by DEKRA ги следи трендовите во HR индустријата и е создадена согласно потребите на компаниите и барателите на ново работно место.
