Процесот на барање работа може да биде исцрпувачки и полн со неизвесност. За некои, најтешко е да подготват ефективно CV или мотивациско писмо. Други аплицираат редовно, но не добиваат никаква повратна информација. Некои се чувствуваат несигурно на интервјуа, а има и такви кои едноставно не знаат од каде да почнат.
Целта на оваа кратка анкета е да разбереме кои се најчестите предизвици со кои се соочуваат барателите на работа – од првиот чекор до процесот на селекција.
Вашите одговори ќе ни помогнат да:
• Креираме содржини што одговараат на вашите реални потреби;
• Понудиме насоки и совети за надминување на конкретни предизвици;
• Им покажеме на работодавците како изгледа процесот од перспектива на кандидатот.
Анкетата е анонимна и ќе ви одземе помалку од една минута.
