Враќањето на работата и работните обврски по празниците секогаш претставува предизвик. Подобрувањето на продуктивноста на работното место може да придонесе за подобрување на вашиот севкупен перформанс и задоволство од работата.
Во продолжение се неколку практични совети, подготвени од тимот на JobLink by DEKRA, преку кои ќе останете фокусирани и продуктивни на своето работно место по отсуството од работа:
• Поставете јасни цели и приоритизирајте – дадете приоритет на обврските кои се поврзани со одреден рок и насочете се кон нивно исполнување;
• Правилно менаџирајте со времето – поставете си временски рамки во кои ќе останете фокусирани и посветени на исполнување на задачите. Исклучете ги непотребните известувања од социјалните мрежи, Viber и WhatsApp, кои можат да ви одземат значителен дел од времето;
• Користете дигитални платформи – тие навистина можат да помогнат во систематизацијата и полесната реализација на обврските (Asana, Trello, Google Calendar и др.);
• Грижете се за себе – редовно правете пауза на работното место, хидрирајте се и внесувајте правилна и балансирана исхрана;
• Подобрете ја комуникацијата – избегнувајте непотребни состаноци и заменете ги со e-mail преписка или телефонска координација.
Доследното применување на овие насоки може да придонесе да бидете попродуктивна личност на работното место, но и генерално во секојдневниот живот.
