Голем дел од истражувањата и анализите во HR индустријата покажуваат дека луѓето најчесто пронаоѓаат ново работно место преку социјалните мрежи. Дури 79% од барателите на работа наоѓаат огласи за вработување и аплицираат преку Facebook, Instagram, LinkedIn и слично.
Ова е потврда дека социјалните мрежи се длабоко навлезени во нашите животи и претставуваат значаен фактор при носење важни животни одлуки.
Во исто време, живееме во период кога често се зборува за негативното влијание на социјалните мрежи. Но, кога постои интерес и желба, се потврдува дека тие можат да имаат и многу позитивни страни и да се користат продуктивно и паметно.
Високиот процент на лица кои наоѓаат работа преку социјалните мрежи ги мотивира и компаниите да бидат присутни во дигиталниот простор, како и сите субјекти кои се занимаваат со вработување.
На овој начин, компаниите градат поблиска релација со граѓаните, а со постојаното присуство и двонасочната комуникација покажуваат дека можат да се прилагодат на новите трендови и побарувања на пазарот.
Нашиот апел до сите физички и правни лица е да бидат присутни на социјалните мрежи, согласно контекстот во кој работат, таргет-публиката, дејноста и тимот задолжен за дигитален маркетинг.
