JobLink by DEKRA беше дел од 8-то Годишно собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија | Macedonian e-Commerce Association — настан кој овозможува размена на идеи, искуства и идни визии во областа на е-трговијата.
Настанот го отвори Nina Angelovska, PhD, претседател на Асоцијацијата, која даде осврт на досегашните достигнувања. Потоа следеше детален преглед на реализираните активности, како и продуктивна дискусија за нови проекти, иницијативи и планови за унапредување на дигиталната трансформација.
JobLink претставува една од најновите иновации на DEKRA Arbeit Macedonia, која беше лансирана кон крајот на минатата година. Преку оваа иницијатива, остануваме посветени на креирање напредни решенија и отворање нови можности кои придонесуваат за развојот на е-трговијата и ја поддржуваат дигиталната економија.
Заедно создаваме дигитална иднина.
