Веб-платформата JobLink by DEKRA ја поддржа годинешната „Ски-школа во Маврово“ (Ski School Mavrovo). Станува збор за ски и сноуборд школа која ги поддржува сите млади и заинтересирани лица да научат да скијаат или да практикуваат сноуборд на падините на планината Бистра (Маврово).
Станува збор за професионална школа во која членуваат лиценцирани тренери кои гарантираат безбедно и правилно стекнување на ски и сноуборд вештини, особено за најмладите.
JobLink by DEKRA дава поддршка на успешните домашни бизниси и на младите. На овој начин го поддржуваме спортот и здравите навики, кои треба да бидат дел од секојдневието на сите луѓе.
Во Новата 2025 година ги повикуваме сите општествено одговорни компании и субјекти да дадат поддршка во спортот, културата или во друга област која е значајна за заедницата.
Се гледаме во Маврово! Уживајте во празниците и празничниот период.
