JobLink by DEKRA, како бронзен партнер, се приклучи на најголемиот регионален настан посветен на дигиталната економија – Регионалната конференција за е-трговија. Настанот, кој се одржа по осми пат, претставуваше место на кое се среќаваат претприемачи, експерти и компании што ја градат иднината на онлајн пазарот во регионот и беше одлична можност за JobLink да се претстави пред пошироката јавност и да ја сподели својата визија за поврзување на луѓето и можностите.
Како платформа за вработување, JobLink им овозможува на сите што бараат нова работа да најдат сè на едно место — од актуелни огласи до информации за компаниите, совети за кариера и можност за директна апликација. Со своето учество, JobLink ја потврди својата посветеност на поддршка на дигиталната трансформација, иновациите и растот на е-трговијата.
Честитки до Macedonian E-commerce Association за одличната организација.
JobLink by DEKRA
