„JobLink by DEKRA“ – Финалист на E-commerce Awards! 🎉
Горди сме што „Job Link by DEKRA“ е препознаен како еден од најдобрите портали во македонската е-трговија и се најде меѓу финалистите на престижните E-commerce Awards.
Овој настан веќе неколку години ги истакнува лидерите во онлајн трговијата и претставува потврда за континуираниот развој на е-трговијата во нашиот регион. Воедно, ја нагласува посветеноста, иновативноста и квалитетот на компаниите кои стојат зад успешни и софистицирани е-трговски платформи.
Искрена благодарност до организацискиот тим на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, жири комисијата и претседателката Nina Angelovska, PhD за укажаната чест, номинацијата и можноста да бидеме дел од ова значајно случување.
✨Честитки до сите учесници и победници!
