Тим билдингот претставува значаен сегмент од функционирањето и развојот на една компанија. Во современиот свет, тој има витална улога во поврзување на вработените во рамки на компанијата и придонесува кон поголема продуктивност и задоволство од работата.
Тим билдингот има повеќе позитивни карактеристики, меѓу кои:
- Ја подобрува комуникацијата меѓу вработените;
- Ја зголемува мотивацијата кај вработените;
- Придонесува кон зајакнување на лидерските вештини;
- Ја подобрува организациската култура на компанијата;
- Го намалува стресот кај вработените и кај менаџерскиот тим.
Развојот на личните и организациските вештини, знаења и способности на вработените исто така претставува значаен сегмент од работењето на компанијата.
Токму оваа област ја обработува и тимот на JobLink by DEKRA.
Нашиот тим поседува вештини и тренинг програми преку кои ќе можете да ги задржите вработените, да ја подобрите работната атмосфера и организациската клима.
Сите методи на работа се од интерактивен и мултимедијален карактер, што овозможува полесно пренесување на знаења и задржување на вниманието на лицата кои се дел од компанијата.
